Никола Костески продолжи со квалитетните партии во Чешка во дресот на Талент Плзен каде го предводеше тимот до уште една лигашка победа.
Плзен се избори за сигурен триумф над Јичин од 30-19 и тоа откако додаде гас во второто полувреме кое го реализираше со 18-9.
Најрасположен играч кај победникот беше Костески со пет постигнати погодоци од кои два од линијата од седум метри. Сега Македонецот и колегите имаат „пет од пет“, а оваа серија ќе се обидат да ја продолжат против Прешов на 5 октомври.