Македонската ракометна легенда и актуелен селектор на Македонија Кирил Лазаров вечерва гостуваше со Нанр кај ГОГ во Данска во натпревар од 5. коло од Европската лига на ЕХФ.
Нант го одигра првото реми оваа сезона 29:29 (16:14)
Лазаров ја зема одговорноста во последниот напад кога Нант губеше со еден гол разлика и реализираше за бод на ова тешко гостување. Тој одигра одличен натпревар и имаше учинок од 5 гола и 3 асистенции.
Најефикасен на натпреварот кај Нант беше Тибаут Бриет до 6 гола, а Џери Толбринг беше предводник на ГОГ со 7 голови.
Со ова реми Нант остана на второто место на табелата.
Standings provided by SofaScore LiveScore