Од оние големи победи кои Македонија во изминатиот период ги запиша беше против Данска за место на ЕП 2022 година, за жал поддржувачите на ракометот, овој голем и историски момент го видоа на ТВ екраните.
Првата шанса да ги бодрат ракометарите, ќе имаат утре. Македонија игра против Романија, а поддршката од публиката и тоа како ќе биде значајна, конечно репрезентативците ќе имаат ветер во грб, да дојдат до добар резултат пред реваншот во Романија. Со победа на овој бараж, нашите ракометари ќе го продолжат мундијалскиот сон.
Селекторот, Кирил Лазаров и останатите се среќни што ќе играат пред публика, бидејќи со „Фалангата“ се радуваа на сите победи и пласмани на големите натпреварувања.
„Мило ми е што по толку време ќе имаме поддршка од навивачите кои се надевам ќе ни бидат ветар во грб. Ќе не понесат емоции и адреналин, а така можеме да направиме добар резултат пред реваншот во Букурешт“, изјави Лазаров.
Романија одлучи вториот меч да се игра два дена подоцна, а не три, што пак е изненадување за сите во нашиот тим.
„За неполни 48 часа играме реванш, а во тоа време треба и да отпатуваме во Романија. Јасно ни е дека во два дена треба да одиграме два екстра-квалитетни натпревари за да ја исполниме целта. Иако се зачудив што побараа да се игра реваншот во сабота наместо во недела, сметав дека ќе имаме ден повеќе за подготовки. Кога веќе размислуваме за четврток, мора да ги насочиме мислите кон реваншот“, смета Лазаров.