Македонската ракометна репрезентација по првите 30. минути против Црна Гора на вториот меч од Европското првенство има негатива од еден гол (16-17).
Кирил Лазаров на оваа средба остана без Стојанче Стоилов за кого групната фаза е завршена поради позитивен тест на Ковид-19, во составот се врати Никола Митревски.
Мартин Велковски постигна 4, а Серафимов и Кузмановски Цветан постигнаа по три погодоци. Томовски собра 5 одбрани а Митревски две.