Но, крајниот резултат не ги спречи најверните навивачи на црвено-црните да им пеат на своите миленици дури и по завршувањето на натпреварот, за потоа заедно со избраниците на Давид Дејвис со транспарент да му оддадат почит на прерано починатиот член на Комити Ченто, Бојан Арсенов.
„Со голема жал ја примивме веста за прераната смрт на членот на Млада Екипа Комити Ченто, Бојан Арсенов. Сочуство до неговото семејство. Бог да му дарува царство небесно. Почивај во мир, Боки!“ порачаа Комити.
Реванш дуелот во Унгарија е на програмата на 6 април.