Крсте Велкоски, некогашен член на репрезентацијата на Македонија, се повлече во 2020г, со години е еден од најдобрите фудбалери на Сараево. Исто така е еден од најдобрите фудбалери во Премиер – лигата во БиХ. Интересен е податокот кога се однесува до головите, имено Македонецот во “бордо“ дресот на листата на стрелците во оваа лига во последната деценија е на 5. место и тоа со 53 голови.
Секако убаво признание за Крсте Велкоски кој е миленик на фановите на најтрофејниот клуб во БиХ.