Но, корпулентниот пикер секогаш е непоправлив оптимист, поради што и сега верува дека иако мисијата во Унгарија е можеби невозможна, таму, сепак, сè може да се случи.
„Веспрем заслужи честитки бидејќи победија на терен каде што за сите е тешко. Се случуваат и вакви порази. Игравме добро само на стартот, а потоа нивните голмани ни пркосеа, бевме збунети во напад и така ја загубивме самодовербата. Веспрем беше фаворит и си ја заврши својата задача, а ние не можевме да ги изненадиме. Можеби изгледа невозможно, ама сè може да се случи во Унгарија. Се надевам ќе одиграме подобро“, изјави Стоилов.
Средбата во Веспрем е закажана за 6 април, кога ќе биде познато дали вардарци може да направат огромно чудо.