Барселона во дербито од грпата Б од Лигата на шампиноте го совлада ПСЖ со 30:27 (13:13) , што беше нивна најдобра партија сезонава предводени од новиот тренер Карлос Ортега.
Тимот на Барса води во групата Б со осум бода, исто колку и Киелце и Веспрем
Првото полувреме беше многу интензивно, обележано со одлична игра на одбраните и извонредните на голот Перез Де Варгас и Жерар . На почетокот, Лудовик Фабрегас постигна три гола и домаќинот дојде до најбедливата предност во тој дел од натпреварот(5-2 во 11-та минута).
Како и да е, исклучувањето на Тимотеј Н’Гусан и двете по ред на Луис Фраде го оптовари тимот на Барса, а во нападот немаа решение за Винсент Жерар на голот и со три пенали по ред кои успешно ги реализира Микел Хансен , ПСЖ дојде до водство (7 -8 во 19′).
Сепак се рабрани и Гонзало Де Варгас кој во соблекувалната замина со осум одбрани, последните три спектакуларни. Ова заедно со добрата игра на Алеиш Гомез и извонредните минути на Али Зеин како централен бек доведе до воспоставвањње на рамнотежа па на полувреме се замина со 13-13 по голот на Беноа Кунку со звукот на сирената.
Трите гола во низа на Н’Гесан и дадоа крилја на Барса на стартот од второто полвреме(17-15 во минута 39′) и го принудија Раул Гонзалес да побара трет и последен тајм-аут, на што Жерард одговори со уште две интервенции а Елохим Пранди со два гола (17-17 во 42’).
Дика Мем кој дотогаш лошо штираше 1/7 , конечно најде простор и постигна четири гола во низа и делваше незадржлив во тој дел од натпреварот па Барса повторно се одлепи на +3 (23-20 во 49′)
Хансен и Ремили со два брзи гола намалија (24-23 во 52′), но Перез Де Варгас направи три сензационални одбрани за да дојде до вкпно 17, а Домен Макуц во финишот постигна два гола за многу важна победа на Барса од 30. -27.
Barcelona – PSG 30-27 (13-13)
Barcelona : Dika Mem 7, Ludovic Fabregas 4, Timothey N´Guessan 4, Aleix Gomez 3, Blaz Janc 3, Domen Makuc 3, Angel Fernandez 2, Aitor Arino 1, Haniel Langaro 1, Melvyn Rychardson 1, Ali Zein 1.
PSG : Mikkel Hansen 7, Elohim Prandi 4, Nedim Remili 4, Luc Steins 3, Dainis Kristopans 3, Mathieu Grebille 2, Luka Karabatic 2, Nikola Karabatic 1, Benoit Kounkoud 1.