Непосредно пред распределбата на медалите на Европското првенство, објавен е идеалниот тим на турнирот.
По двајца Данци и Германци, а по еден Швеѓанец, Португалец, Австриец и Французин сеннајдоа меѓу најдобрите на овој континентален собир. Меѓу стативите предност доби Андреас Волф, еден од најдобрите светски голмани кој беше лидер на германскиот бедем. Во бековската линија имаше место за Мартим Коста, Јури Кнор и Матијас Гидсел, на крилата се сместени Роберт Вебер и Хампус Ване, додека за најдобар кружен напаѓач е одбран Лудовик Фабрегас. Како специјалист за одбрана признанието замина кај Магнус Саугструп.
Шведска и Германија од 15 часот ќе се борат за третата позиција на ЕП, додека Франција и Данска ќе се пресметаат за титулата од 17.45 часот.