Вардар го задржа максималниот ефект и во седмото коло од ракометната Суперлига, со кое треба да заврши првиот круг од основната сезона.
Во натпреварот со Струга, вардарци славеа со 36-23. Иако Вардар отвори силно, со 10-3, на погонот на своите првотимци, сепак гостите направија обид да се вратат и дојдоа на 15-11 пред крајот. Сепак, последниот гол го постигнаа во 24. минута, а до паузата Вардар погоди уште пет пати и резултатот застана на 20-11.
Уште од првиот дел, шанса добија Савревски, Ќосевски, Лазаревски, Гогов, па со нивни сили Владо Недановски не само што ја одбрани, туку ја надгради предноста. Давид Савревски со седум гола беше најефикасен, шест постигна Милан Лазаревски, пет Црногорецот Андреј Добрковиќ. Петар Бугариновиќ и Никола Цветаноски постигнаа по шест голови за Струга.