Франција ја победи Холандија со 26:24 и го освои првото место во групата „Ц“ во Скопје во рамките на првата фаза на ЕП во ракомет за жени. Во клучната пресметка за врвот на табелата, „триколорките“ беа поумешни од ривалките од Холандија и дојдоа до посакуваната победа која ќе им пренесе и 4 бода во втората фаза на првенството.
Три ракометарки на Франција (Флипс, Фопа и Минко) завршија со по 4 постигнати голови, додека кај Холандија Малестајн имаше 9 гола.
Во вториот меч од последното коло во Подгорица, Шпанија ја совлада Германија со 23:21 и го освои второто место на табелата, пред нивните денешни ривалки, додека на крајот извисија репрезентативките на Полска кои се елиминирани од натамошните натпревари.