Каталонскиот гигант го прегази еден од кодомаќините убедливо со 43-19, загревајќи се за потешката фаза од клупското светско првенство.
Уште во првото полувреме резултатот беше 20-10, што им овозможи на Шпанците со многу ротации да ја одржат свежината во продолжението. Тоа никако не се одрази на резултатот, напротив, предноста порасна до највисоки 24 разлика, кои се повторија уште еднаш, во конечниот резултат.
Блаж Јанц и Алеиш Гомес Абељо постигнаа по седум гола, вториот без промашување. Сепак, оваа победа не е клучна за Барселона за првото место во групата А, бидејќи вистинскиот конкурент е египетскиот и африканскиот шампион Ал-Ахли, кој исто така го демолира Ал Нор, со 18 разлика. Директниот дуел за првото место, што води во полуфиналето, се игра утревечер од 19 часот.
Досега ниту Магдебург, ниту Фуксе Берлин, ниту пак Кјелце дозволија да бидат изненадени од екипите од останатиот дел од светот. Барса е рекордер со пет пехари во досегашните 15 изданија на Супер глоуб.