Ракометниот џин Барселона со 30-22 го совлада ПСЖ на негов терен и може да размислува за ракометниот фајнл-фор.
Ракометарите на Раул Гонзалез беа немоќни во дуелот со Барса, Каталонците дома си заминаа со предност од осум разлика која би било незамисливо ако не ја задржат.
А првиот дел не наговестуваше дебакл на парижаните, ПСЖ ги добија првите 30 минути со 14-11, но во продолжението следуваше колапс на домаќинот и несфатлив пад.
Во второто полувреме ПСЖ даде само осум голови, а прими дури 19 и загуби со 22-30.
Дика Мем со осум и Мелвин Ричардсон со шест гола беа најпрецизни кај Барса, а за ПСЖ, Камил Шипжак заврши со седум гола. Голем хендикеп за „светците“ беше повредата на Пранди во раната фаза на натпреварот.