Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски, ja игра најдобрата сезона во својата кариера и неговите голови и настапи во дресот на екипата на шкотскиот Абердин му донесоа уште една големо индивидуално признание.
Голгетерот на славниот шкотски клуб, пред неколку дена се најде во „дрим-тимот“ на сезоната во шкотската Премиер лигата, а неговиот клуб објави дека токму тој е избран за најдобар фудбалер на Абердин за сезоната 2023/24.
Миовски е трет стрелец во шкотското првенство со четиринаесет голови и две асистенции, а покрај во домашниот шампионат нашиот напаѓач блескаше и во шкотските Купови и на европските натпревари.
Многу е веројатно дека Бојан Миовски ги минува последните месеци во Абердин, затоа што од ден во ден се зголемува интересот за неговите услуги. Веќе е познато дека Селтик и Глазгов Ренџерс веќе будно ја следат целата ситуација, а во последниот период се појавија шпекулации дека за него е заинтересиран и холандски Феенорд.