Кошаркарите на Реал Мадрид со 101-90 ја победи Басконија и поведе со 2-0 во серијата, додека Панатенаикос со 95-79 го совлада Макаби и изедначи на 1-1.
Кралскиот клуб дојде на чекор до фајнл-фор турнирот откако уште еднаш беше значително подобар од шпанскиот ривал, тимот на Басконија.
Реал Мадрид водеше во текот на целиот меч и рутински дојде до вториот триумф против Басконија, овојпат од 101-90.
Најдобар во составот на домашниот тим беше аргентинецот Кампацо кој реализираше 24 поени, кај Басконија најефикасен беше Маринковиќ со 20 поени.
Панатенаикос не дозволи уште еден кикс на домашен терен и овојпат убедливо го совлада Макаби со 95-79 со што изедначи на 1-1 во серијата против Израелците.
Слукас со 29 поени беше предводникот во победата, најдобар во составот на Макаби беше Браун со 18 поени.