Хјустон на домашен терен беше совладан од Сакраменто со 122-117. Но, резултатот е во втор план, во центарот на вниманието се најде еден навивач, кој на теренот влета целосно гол и почна да игра на центарот на теренот.
Оваа слика траеше кратко, обезбедувањето беше немилосрдно, веднаш влезе и брзо го собори, жестоко го фрлија на подот.
Додека траеше оваа акција, публиката беше во неверување, бидејќи овие сцени не се секојдневни за време на НБА-мечевите.