Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг изјави дека не ја исклучува можноста да се пресели во Манчестер Јунајтед.
Сепак, тој истакнува дека моментално е фокусиран на Ајакс и на претстојниот натпревар против Ајндховен.
„Во моментов сум фокусиран на Ајакс, но во фудбалот никогаш не се знае. Не сакам ништо да исклучувам. Моментално сум вработен во Ајакс. Има уште до крајот на сезоната и за тоа ми треба сета моја енергија. Се друго би ми пречело во работата.“ – изјави Тен Хаг за германски Спорт 1 .
Тен Хаг и Манчестер одржаа официјални разговори, кои беа опишани како „многу позитивни“, по што клубот продолжи да собира информации за Тен Хаг, вклучително и можното обештетување доколку Тен Хејг избере да се пресели на „Олд Трафорд“.
“Манчестер Јунајтед е голем клуб со одлични навивачи, но можам само да се повторам – целосно сум фокусиран на Ајакс. Веќе ја планираме следната сезона”, изјави Тен Хејг.
Тен Хаг додава дека преговорите со претставници на различни клубови се нормални и дека се надева дека луѓето во Ајакс ќе разберат доколку се одлучи за следен чекор.
Од Манчестер инсистираат дека се уште не е донесена официјална одлука, и дека Тен Хаг да не е единствениот кандидат за менаџерската функција.
Кандидати се и тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике и тренерот на Севиља, Хулен Лопетеги. Од Пари Сен Жермен велат дека не сакаат да ја прекинат соработката со Покетино, додека Енрике ќе ја предводи шпанската репрезентација на Светското првенство во Катар. Лопетеги изјави дека и следната сезона ќе остане во Севиља.
“Јас сум таму каде што сакам да бидам. Дали следната сезона ќе бидам на клупата на Севиља? Не се сомневам во тоа”, изјави Лопетеги.