Грузија не ја искористи шансата да направи чекор напред кон освојување на првата позиција, откако Бугарија одигра 0-0 на гостувањето во Тбилиси и ја остави Македонија во игра за врвот, меѓутоа за тоа ќе ни треба убедлива победа кај најголемиот ривал во групата.

Бугарите успешно се бранеа, иако Грузија постојано напаѓаше и создаде 16 шанси, но едноставно репрезентативците на првопласираната селекција во групата 4 не беа доволно прецизни, а на ова реми може да се израдува Македонија.

Меѓутоа македонските фудбалери мора да слават на гостувањето кај Грузија со 4-0, затоа што со 3-0 нема да го преземеме првото место поради тоа што Грузија има подобра гол-разлика, односно 12-2, додека ние имаме 7-4.

Да потсетиме, Грузија пред неколку дена нè совлада со 3-0 на Националната арена „Тодор Проески“.