Наполи продолжува да гази во Серија А. Тимот на Лучијано Спалети на стадионот „Диего Армандо Марадона“ го декласира Сасуоло со 4-0. Сега „наполитанците“ имаат 32 освоени бода по 12 одиграни кола.
Виктор Осимен постигна хет – трик, а Кварацкелија по две асистенции и самиот успеа да постигне гол.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса од 56.минута од овој натпревар.