Лионел Меси воопшто не се сомнева кој треба да ја освои Златната топка. Неговиот победник е Карим Бензема .
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси во кариерата седум пати ја освојуваше Златната топка, а не се сомнева кому треба да му припадне на следната церемонија.
„Воопшто нема сомнеж. Сосема е јасно дека Карим Бензема имаше спектакуларна година зад себе. Тој беше клучен човек на Реал Мадрид од осминафиналето до крајот на Лигата на шампионите што Реал ја освои. Тој беше основата на Реал и мислам дека се е јасно околу тоа“, изјави Меси, кој во ПСЖ е бледа копија на сите одлични години што ги имаше во Барселона .
На патот до тронот, Реал во два натпревари беше подобар од парискиот тим во првиот чекор од нокаут фазата, во осминафиналето.
„Тој реванш меч против Реал не уби. И мене и сите други. Имавме многу надеж за Лигата на шампионите оваа сезона. Морам да кажам дека Реал не беше најдобар во ова натпреварување во текот на сезоната, но сепак дојде до крајот. И тоа е единствениот факт“, рече Меси во понеделникот, цитиран од Ројтерс.
Златната топка ќе биде доделена на 17 октомври, а имињата на номинираните ќе бидат познати на 12 август. Инаку, престижниот трофеј ќе се доделува врз основа на настапи во рамките на регуларната сезона, од август до јули, а нема да се следи календарската година.