Ненад Димитријевиќ и Валенсија не успеаја да се изборат за место во полуфиналето во Лига Ендеса. Откако успеаја да се изборат за „мајсторка“, на третата средба беа поразени од Басконија на гостински терен со убедливи 59-76.
Крајно очајната игра во последната четвртина беше пресудна за крајниот исход. Претходно Валенсија добро се држеше, на теренот имаше вистинска битка. Токму во одлучувачките десет минути, тимот на Димитријевиќ постигна пет поени, а прими дури 23.
Македонскиот репрезентативец беше еден од најдобрите во редовите на својот тим, зад своето име запиша десет поени (1/4 за три, 2/8 за два, 3/4 за еден поен), за нецели 23 минути додаде уште два скока и една асистенција.