По Расел Вестбрук, Малик Монк, Кент Баземор, Тревор Ариза, Вејн Елингтон, Кармело Ентони, Кендрик Нан и Двајт Хауард кои веќе пристигнува во Лос Анџелес Лејкерс, езерџиите предводени од Леброн Џејмс и Ентони Дејвис продолжува да бара играчи за да го пополнат играчкиот ростер.
Нов играч кој би можел да заигра за Лос Анџелес Лејкерс е Ајзеа Томас.
Поранешната ѕвезда на Бостон Селтикс, двоен Ол-стар играч кој во сезоната 2016/17. имаше просек од 28,9 поени и 5,9 асистенции. После повредата на колкот одработува заеднички тренинзи со Џејмс и Вестбрук во обид да се врати на паркетот во НБА. Тој тврди дека повредата на колкот е минато, и дека ќе ја врати формата со која усшешно настапуваше во Селтикс. Тој минатата сезона имаше само 10-дневен договор со Орлеанс Пеликанс.