Кошаркарите на белградски Партизан славеа на гостувањето кај Жалгирис со 93-85 што е четврти триумф по ред на „црно-белите“ во елитното натпреварување. Одлучи одличното прво полувреме во кое белградскиот тим постигна 58 поени (по 29 во двете четвртини), па само ја сочува предноста.
„Црно-белите“ одиграа брилијантни први две четвртини. Во двете постигнаа по 29 поени и тоа им донесе дури 14 поени предност на полувреме (44-58). Во тој период на литванскиот паркет блесна капитенот на АБА шампионот, Кевин Пантер со 16 поени, а одличен беше и Дозиер со 12 поени. Партизан не отстапи од својот стил на игра и на крај заслужено славеше со 85-93.
Кевин Пантер со 22 поени беше прв поединец кај победничкиот тим, а за Жалгирис се истакна Еванс 33 поени.
Немања Недовиќ постигна 20 поени, а Гиедраитис 19 за Црвена Звезда, додека Олинде ја предводеше Алба со 13. Ова е петта победа за Звезда во Евролигата сезонава, сите остварени на домашен терен.