Иако играа на гостински терен, „црно-белите“ се чувствуваа како дома бидејќи имаа огромна поддршка од трибините од српски иселеници во Германија, но и тоа не помогна да се оствари добар резултат. Баерн славеше со 94-85, прекинувајќи ја на тој начин серијата од четири порази во Евролигата.
Партизан многу подобро го почна мечот, доминираше речиси цело полувреме во кое во повеќе наврати имаше и предност од 10 разлика, но на голем одмор со водство замина Баерн (53-51). Во вториот дел целосно се сврте ситуацијата, сега Баерн отиде на +12 (65-53), за Партизан, благодарение на одличната секвенца на Бруно Кабокло (три тројки и еднаш 2+1) да се доближи на само еден поен негатива (85-86). Сепак, во последните две минути гостите не успеаја да постигнат ниеден поен, па Баерн со серија од 8-0 стави точка на мечот.
Двете екипи сега имаат биланс 3/5 и се на делба од 12. до 15. позиција, заедно со Црвена Звезда и Жалгирис.
Од останатите натпревари, за издвојување е победата на Басконија против Барселона со 94-71. Интересно е тоа што баскискиот тим е во серија од четири порази во шпанското првенство, а три победи во Евролигата.
РЕЗУЛТАТИ
Алба – Асвел 68-73
Панатинаикос – Жалгирис 73-71
Басконија – Барселона 94-71
Баерн – Партизан 94-85