Денвер нагетс без никакви проблеми дојде до првата победа во 2024 година, откако го совлада тимот на Шарлот хорнетс (111-93), во натпревар во кој доминираа од почетокот до крајот.
Никола Јокиќ, одигра само 27 минути колку што му беа доволни да дојде до дабл-дабл ефекс со 13 поени и 11 асистенции, на кои додаде и шест скока. Србинот и покрај ова беше во центарот на вниманието, прво поради бизарна техничка грешка кога по примен кош со две раце ја удри топката од паркет, нешто што неретко го прават многумина. Тоа предизвика бес на клупата на „Нагетс“, па и остра реакција на тренерот Мајк Мелоун.
Јокиќ беше ѕвезда и на полувремето, кога на големиот екран во салата беше прикажан дел од негово новогодишно интервју, во кое даваше, меѓу другото, одговор и на прашањето што би направил ако се врати низ времето.
„Би се вратил во деновите кога немаше видео снимки, телефони или било што друго. Само луѓе. Само да видам како живееле луѓето, кога никому не си можел да му се јавиш“, рече Србинот и ги насмеа фановите во салата, но и навивачите на социјалните мрежи.
Џамал Мареј мечот го заврши со 25 поени, три скока и седум асистенции, а го следеше Мајкл Портер Јуниор со 22 поени, осум скока и една асистенција. Ерон Гордон првпат заигра откако беше каснат во лице од куче и постигна 10 поени.
„Секогаш е добро кога игра Ерон, само неговата енергија на скокови, фаќајќи лоб додавања, дефанзивно, што и да посакаш. Секако дека се обидуваше да се ‘пронајде’ по отсуството, но беше добар. Ја имаше поддршката од целиот тим“, изјави Мареј.
Мајлс Бриџис постигна 26 поени за Шарлот, а Ричардс и Милер по 15 поени.