Најдобриот светски тенисер на сите времиња, србинот Новак Ѓоковиќ, дојде и до втората победа во новата 2024 година, откако рано утринава, малку потешко од очекувањата, го совлада Чехот Јиржи Лехечка (6-1, 6-7, 6-1) на тимскиот Јунајтед куп во Перт (Австралија).
Тој без поголеми проблеми го доби првиот, а вториот сет го почна со брејк, се очекуваше дека ќе биде уште еден лесен триумф за Србинот, но неговиот противник заигра подобро. Чешкиот тенисер одигра одлично во тајбрејкот, и неочекувано го доби, па мораше да се игра решавачки трет сет во кој до израз дојде далеку поголемиот квалитет на популарниот Ноле.
Во женска конкуренција, Олга Даниловиќ загуби од Маркета Воундрушова (1-2) поради што дуелот во мешани двојки ќе го реши победникот во пресметката помеѓу Србија и Чешка.