Новак Ѓоковиќ нема да игра на турнирите во Индијан Велс и Мајами. Ѓоковиќ потврди дека не добил дозвола за влез во САД .
Иако беше во главната ждрепка на турнирот во Индијан Велс, Новак Ѓоковиќ нема да настапи, исто како што нема да настапи на турнирот во Мајами.
Откако излезе ждрепката, имаше забелешка дека не е сигурно дали Ѓоковиќ воопшто ќе може да пристигне. Тој сега потврди дека не добил дозвола за влез во САД.
„Иако автоматски бев на ждрепката за Индијан Велс и Мајами, знаев дека ќе ми биде тешко да стигнам таму. ЦДЦ потврди дека нема да ги менува правилата и затоа нема да можам да играм во САД. Среќно на оние кои ќе играат на овие големи турнири“, рече Ѓоковиќ.
За разлика од сето она што се случуваше во Австралија каде што дојде па не доби дозвола за влез, овој пат Ѓоковиќ не се ни упати кон САД чекајќи ја конечната одлука на ЦДЦ.