По новиот колапс на ПСЖ и испаѓањето од Лигата на шампионите, иако имаше 1:0 од првиот натпревар и водство од 1:0 на реваншот, претседателот на Париз се погрижи за инцидент .
И оваа сезона во ПСЖ се вложени огромни пари, главна цел беше повторно освојување на Лигата на шампионите, но таа цел нема да се оствари уште еднаш.
Парижаните овојпат го најдоа виновникот во судијата, сметајќи дека се оштетени за недосудениот прекршок над Донарума, по што Реал израмни на 1:1.
По средбата, претседателот на Париз, Насер Ал-Хелаифи излета од својота ложа и се упати кон соблекувалните барајќи ги судиите.
Имаше викање и туркање, а се беше снимено од надзорните камери, па Реал Мадрид на Уефа и ја отстапи снимката.