Фудбалерите на Реал Мадрид направија подвиг и го совладаа Пари Сен Жермен со резултат 3:1, а најзаслужен за тоа беше неверојатниот Карим Бензема.
Се „мирисаше“ на победа на парижаните, кои пропуштија неколку сериозни прилики, а потоа поведоа во 39. минута со голот на Килијан Мбапе.
Не беше тоа се од напаѓачот на францускиот тим, тој погоди на почетокот на вториот дел и тоа на многу убав начин, но голот беше поништен поради офсајд.
А потоа на сцена стапи Карим Бензема.
Капитенот на „Кралевите“ искористи голема грешка на одбраната и го израмни резултатот во 61. минута, набрзо потоа постигна уште два гола.
Се играше 76. минута кога Модриќ фантастично го проигра Бензема, кој одлично се снајде во шеснаесетникот и ја заби топката во мрежата.
Две минути подоцна топката стигна до Французинот кој го постигна третиот гол.Пари Сен Жермен после тоа не можеше да се врати во натпреварот. Винисиус повлече контра , а потоа Маркињос несреќно и неспретно го проигра Бензема кој во манир на врвен голгетер погоди за конечни 3:1 .
https://www.dailymotion.com/video/x88ucpn
На вториот меч имаше многу помалку возбудувања.
На првиот натпревар во Лисабон, Манчестер Сити практично го обезбеди додавањето по победата од 5-0 над Спортинг, овојпат на Островот немаше голови.
„Граѓаните“ преку Стерлинг пропуштија неколку ветувачки прилики, за на почетокот на вториот дел да биде поништен голот на Габриел Жесус поради офсајд.
Следуваше нешто помирен период од играта, па „граѓаните“ само рутински ја доведоа работата до крај.