Дербито меѓу Флуминенсе и Фламенго не донесе голови, но ривалството меѓу двата клуба донесе очекувана тензија на теренот и трибините.
Еден момент кој подолго ќе биде запаметен е црвениот картон на Луиз Араухо, добиен поради осветничкиот старт врз Марсело.
Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид го понижи Араухо со атрактивен дриблинг низ нозе, по кој противникот не знаеше каде се наоѓа, но на крајот противникот стартуваше жестоко над него.
Инцидентот се случи длабоко во надополнувањето на вториот дел, а Араухо првично доби жолт картон, за по ВАР реакцијата да биде исклучен од главниот судија.