Македонската радио телевизија попладне од 17 часот ќе врши директен пренос од фудбалскиот натпревар Струга Трим Лум – Жалгирис Вилнус од квалификациите во фудбалската Лига на шампиони, кој попладнево се игра на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
Стружани извлекоа солидни 0-0 на првиот дуел во Литванија, а денеска имаат историска шанса да дојдат до триумф кој би ги однел во следната фаза, каде ги чека турскиот првак Галатасарај.
Најавено е дека трибините во Охрид ќе бидат преполни, а сите што сакаат да го гледаат натпреварот на телевизија, можат тоа да го направат на спортскиот канал МТВ 3.