Македонскиот тенисер број еден, Калин Ивановски загуби од Николас Парициа со 0-2 во сетови, 6-7 и 3-6 на стартот на турнирот во Австрија.
Ивановски беше трет носител и фаворит во дуелот, но неговиот ривал од Швајцарија уште во првиот сет најави голема битка и на крајот го доби сетот со 7-3 во тај-брејк.
Парициа во вториот сет беше поуспешен од Ивановски и направи брејк на негов сервис и го потврди триумфот со 6-3.