Руските спортисти ќе треба да докажат дека не го поддржуваат Владимир Путин за настапот во Велика Британија, вклучително и тенисерите кои ќе настапат на Вимблдон .
Британскиот министер за спорт Најџел Хадлстон изјави дека руските и белоруските тенисери може да се соочат со нов услов што ќе треба да го исполнат доколку сакаат да настапат на Вимблдон.
Тоа што не ќе можат да настапуваат под свое знаме не е доволно, па ќе мора да се откажат од поддршката за Владимир Путин .
„Никој не може да го вее руското знаме и да прикажува руски симболи, но мислам дека треба да се оди подалеку од тоа, мислам дека треба да имаме одредена гаранција дека тие не се поддржувачи на Владимир Путин и размислуваме какви барања ќе ни требаат за да ги добиеме гаранција во тој поглед“, рече министерот.
Голем број руски тенисери веќе ги отстранија руските симболи од своите социјални мрежи и порачаа дека се против војната во Украина и се за мир.
Данил Медведев рече дека сака да го промовира спортот и ги прифати правилата на игра бидејќи тоа е единствениот начин да продолжи да настапува.
Што се однесува до враќањето на Русија на светската спортска сцена, Хадлстон не верува дека тоа ќе се случи во блиска иднина.
Мислам дека ќе помине многу време пред да ја вратиме Русија на светската спортска сцена“, вели тој.