Македонскиот тенисер Калин Ивановски дојде до својот трет трофеј во кариерата, откако доминантно го освои ИТФ-фјучерсот во Мадрид, после денешната победа во два сета во финалето против Британецот Марк Вајтхаус.
За Ивановски ова е трет трофеј во кариерата откако претходно ги освои фјучерсите во Хераклион (Грција) и во Монастир (Турција), а денеска Вајтхаус го победи во два сета со 6-4, 6-2.
Ивановски на патот кон трофејот загуби само еден сет во петте меча и тоа вчера од Понтјодикромо кого го победи со 2-1 во сетови. Вајтхаус денеска беше подобро рангиран, но тоа нешто многу не му помогна на теренот, па македонскиот тенисер во седмиот гем направи брејк за да го освои сетот, а во вториот врза два брејка по ред после воведните 2-2 за уште полесно да дојде до победата.