Кошаркарите на Портланд трејлблејзерс ја прикинаа мини-серијата од три порази по ред , со триумф на гостувањето кај фаворизираната Јута џез (116-111).

Тоа беше вечер која бекот на „пионерите“, Енферни Симонс, никогаш нема да ја заборави, со оглед што имаше рекорден учинок во првото полувреме. Тој во воведната четвртина постигна 23 поени, а на одмор замина со дури 33 поени зад своето име, што е најдобар поентерски ефект во историјата на Портланд за првите 24 минути. Симонс средбата ја заврши со 45 поени, додека одлична помош имаше од Грант, кој реализира 33 поени.

https://twitter.com/nbabet/status/1599231572636569601?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1599231572636569601%7Ctwgr%5E034d5d579b7b356e9c1c70262f0030f426699c4e%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkosharka%2Fnba%2Fistoriska-vecher-za-pionerot-simons-rutinska-pobeda-za-shampionot-video

Актуелниот првак во НБА, екипата на Голден стејт вориорс, дојде до рутинска победа во пресметката со Хјустон (120-101), епилог кој можеше да се најави по одличниот старт на „воините“ (22-4). Вигинс со 36 поени беше прв стрелец кај составот од Оукленд, а Кари застана на бројката од 30 поени.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Милвоки 96-105, Минесота – Оклахома 128-135, Торонто – Орландо 121-108, Голден Стејт – Хјустон 120-101, Јута – Портланд 111-116.