Стеф Кари е најдобар шутер во историјата на НБА лигата и сите статистички показатели го потврдуваат тоа.
Во редовите на Голден Стејт имаше неколку расположени играчи, но најмногу се истакна Клеј Томпсон кој погоди осум тројки и уфрли 30 поени.
Стеф Кари од друга страна беше мотивиран за разигрување на соиграчите и запиша 12 аситенции, но погоди и една лудачка тројка која во неверување го остави дури и неговиот татко Дел.
Кари одговорноста за тројки му ја препушти на Томпсон кој имаше своја вечер, но сепак испрати пет шута и три пати ја погоди целта (мечот го заврши со 20 поени).
Важно за Голден Стеј на вториот меч беше тоа што го неутрализираше Ентони Дејвис (11 поени), но успеа да го исконтролира и Леброн Џејмс (23 поени). Серијата сега се сели во Лос Анџелес.