Кошаркарите на Црвена звезда го совладаа Реал во одложениот натпревар од 20. коло на Евролигата со резултат 65:62 (16:15, 19:13, 8:14, 22:20).
Најдобри кај Звезда беа Дејан Давидовац и Никола Ивановиќ со по 13 поени и Нејт Волтерс со 12 поени. Огњен Добриќ постигна девет поени, а Никола Калиниќ осум поени.
Кај Реал најдобар беше Серхио Љуљ со 20 поени, а го следеше Валтер Таварес со 11 поени и 11 скока.
Црвено-белите влегоа со многу енергија во натпреварот. Одиграа цврсто во одбраната, што Реал се обидуваше да го реши со удари од далечина, но не беше претерано успешен. Звезда не успеа да ја валоризира добрата игра во одбраната во нападот, па првиот дел го заврши со поен предност од 16:15.
Во втората четвртина Звезда продолжи со добра игра во одбраната, но за разлика од првата, добрата игра успеа да ја префрли во фаза на напад и на полувремето замина со седум поени предност од 35:28.
Во второто полувреме црвено белите успеаја да ја искористи лошата игра на Реал во нападот успешно се бранеше и стигна до победа 65:62.
Ѕвездата е на деветтото место на табелата со 10 победи и 12 порази. Реал е на второто место со 16 победи и шест порази.
Во следното коло Звезда го пречекува Макаби, а Реал му гостува на Милан.