Мајами Хит направи брејк на почетокот од серијата и го совлада Бостон на гостински терен со 116-123. Источното финале во НБА Лигата започна со изненадување, а најзаслужен за тоа беше Џими Батлер со 35 поени, од кои дури 20 во второто полувреме.

Бостон влезе одлично во натпреварот и на полувремето имаше солидни девет поени предност. Сепак, сè што направија Селтикси во првото полувреме, се сруши само за 12 минути во третата четвртина, која Мајами ја доби со неверојатни 25-46.

Бостон до крајот на дуелот се обиде да се врати, но успеа само да намали на едноцифрена разлика и да го ублажи поразот.

https://youtu.be/bP5dsmCeBbg

Следниот натпревар од серијата се игра вечерта петок кон сабота, повторно во „ТД гарден“ во Бостон.