Фудбалерите на Аз Алкмар и Вест хем од 21 часот ќе играат во реванш натпреварот од полуфиналето во Конференциската лига на УЕФА, а дуелот имаше жестока предигра. Иако на англиските навивачи им беше советувано да не патуваат во Холандија, затоа што постои опасност од нереди, тоа не се случи. Неколку илјади навивачи на Вест хем заминаа во Алкмар, а пред мечот се случи тоа од кое се стравуваше.
Домашните навивачи во неколку ситуации ги нападнаа гостите и се случи вистински хаос низ градот.
Вест хем победи со 2:1 на првиот дуел, што значи дека на гостите од Лондон вечерва им е доволно да не загубат за да се пласираат во финалето во третото по квалитет клупско натпреварување на УЕФА.