Словенечките кошаркари ја совладаа репрезентацијата на Германија со 88:80 (21:14, 23:22, 17:19, 27:25) во натпреварот од четвртото коло од групата Б на Европското првенство.
Најефикасен во словенечкиот тим беше Лука Дончиќ со 36 поени, а го следеа Горан Драгиќ со 18 и Мајк Тоби со 10. Во германската екипа најдобар беше Денис Шредер со 19 поени.
Словенија имаше предност од почетокот на натпреварот и водеше со 21:14 на крајот од првото полувреме. Лука Дончиќ беше најефикасен на паркетот со осум поени и пет скока.
Словенците силно стартуваа во втората четвртина и многу брзо стигнаа до двоцифрено водство. За тоа најмногу придонесе Мајк Тоби, кој постигна две тројки.
При резултат 31:17 Германците преку Шредер успеаа да ја намалат предноста на своите ривали. Шредер најпрво погоди тројка со звукот на сирената, а во следниот напад следеше уште една тројка, која го принуди Секулиќ да побара тајм-аут. Набргу Дончиќ одговори со тројка и ја врати двоцифрената предност на својата репрезентација.
На полувреме резултатот беше 44:36 за словенечкиот тим.
Германците тргнаа порешително во вториот дел и успеаја да ја преполоват предноста на ривалот, а за тоа најмногу придонесе најдобриот германски кошаркар Денис Шредер.
Сепак, одличниот Лука Дончиќ не им дозволи на Германците да се доближат и на крајот од третата четвртина веќе имаше 25 поени.
Истиот ритам беше и во последната четвртина. Германците се обидоа да ја намалат предноста, но Словенците пружија отпор и на крајот успеаја да ја обезбедат победата.
Ова беше прв пораз на Германија на овој шампионат и сега исто како и Словенија имаат скор од 3:1. Двете селекции обезбедија пласман во следната фаза од натпреварувањето.
Во последното коло од групата Б во среда се среќаваат Литванија и Босна и Херцеговина, Франција и Словенија и Унгарија и Германија.