Италијанските кошаркари го победија хрватскиот тим со резултат 81:76 и сега ситуацијата во групата Ц е барем малку појасна.
Хрватите имаат скор 2-2, Италијанците исто така, но во последното коло Азурите имаат многу полесна работа со последнопласираната Велика Британија, додека Хрватите одат против непријатните Украинци.
Сепак, постои и едно особено лудо сценарио, доколку Хрватите ги победат Украинците, а Италијанците ја победат Велика Британија, сите три селекции ќе имаат скор 3-2, а потоа ќе решаваат подобриот скор од меѓусебните дуели каде што моментално најдобри се Украинците , бидејќи ја победија Италија со +11. Но, повеќе ќе знаеме по последното коло во оваа група, в четврток.
Што се однесува до самата игра, Италијанците по првата четвртина имаа +5 (22:17), на полувреме +8 (42:34), а потоа Хрватите само за кратко се разбудија.
Во третата четвртина Хрватска беше подобра со 25:13 и пред четвртата четвртина имаше +4, но потоа повторно се распадна во последната четвртина и загуби – 81:76.
Најефикасни во италијанскиот тим беа Симоне Фонтекио и Николо Мели со по 19 поени, додека кај поразениот тим не можеше сам Бојан Богдановиќ со 27 поени, кого го следеше Ивица Зубац со 13 …
Затоа, Хрватите сега треба да ги победат Украинците во последното коло. Во случај Србија да ја добие Полска, а Хрватите да загубат од Украинците, тогаш не чека ново соседско дерби .