Одлична партија синоќа oдигра Џејмс Харден, успеа да го надокнади отсуството на Ембид. Сиксерси беа подобри од Вашингтон на гости со 111-118. „Брадата“ постигна 23 поени и 17 асистенции, па Филаделфија се врати на 50% успешност. Макси имаше 28 поени, додека на другата страна Порзингис имаше 32 поени, Бил 19.

Клиперси ја прекинаа серијата од четири порази, Пол Џорџ постигна кош на шест секунди пред крајот против упорните Рокетс. Тој постигна 35 поени, прво погоди тројка, а потоа му ја украде топката на Гордон при 93-93. По еден тајм-аут, тој реализираше за победа. Трагичар беше поранешниот Клиперсов играч, Ерик Гордон, по грешката во клучниот момент кога го промаши шутот за победа. Сметаше дека е фаулиран. Тексашаните имаат 1-8, што никого не изненадува.

Резултати: Шарлот – Сакраменто 108-115, Вашингтон – Филаделфија 111-118, Бруклин – Индијана 116-109, Торонто – Атланта 139-109, Милвоки – Детроит 110-108, Јута – Мемфис 121-105, ЛА Клиперс – Хјустон 95-93.