Ноќеска беа одиграни неколку натпревари во НБА-лигата, а до прва победа по четири порази стигнаа кошаркарите на Бруклин нетс, откако избраниците на Стив Неш беа подобри од Индијана пејсерс со 116-109.
Кајри Ирвинг повторно го покажа својот квалитет и постигна 28 поени, шест скокови и шест асистенции, а најдобар на паркетот беше Кевин Дурант кој запиша 36 поени, девет скокови и седум асистенции. Во поразениот тим најдобри беа Крис Дуарте со 30 поени, додека неговиот соиграч Бади Хилд запиша 22 поени.
Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адететокумпо блесна повторно на паркетот и го предводеше тимот на Милвоки до шеста победа сезонава, откако постигна 31 поен и седум скокови против Детроит пистонс.
Јанис доби поддршка и од неговите колеги Џру Холидеј кој постигна 25 поени и Брук Лопез кој запиша еден поен помалку , додека на спротивната страна Кејд Канингам застана на 27 поени.
Останати резултати:
Шарлот – Сакраменто 108-115
Вашингтон – Филаделфија 111-118
Торонто – Атланта 139- 109
Јута – Мемфис 121-105