Во вечерашната програма во НБА лигата ѕвездите брилјираа. Jанис Антетокумпо и Леброн Џејмс постигнаа трипл-дабл, додека Кевин Дурент постигна 51 поен во победата на Нетс.

Трет пораз во низа на Њујорк Никс дома , овојпат против Милвоки Бакс кој славеше со 112:97.

Бакс доминираа во натпреварот, а Јанис Антетокумпо го забележа својот прв трипл-дабл учинок сезонава. Никс беа ослабени, ги немаа Реџеј Барет, Оби Топин, Алек Буркс и Бакс немаа поголеми проблеми да го контролираат овој натпревар.

Крис Мидлтон постигна 24 поени и осум скока, Антетокумпо додаде 20 поени, десет скока и 11 асистенции, а Боби Портис 19 поени и десет скока. За Никс Квентин Грајмс постигна 27 поени (7/13 тројки), а Дерик Роуз додаде 18 поени и седум асистенции.

Орландо Меџик не им создаде посериозни проблеми на Лос Анџелес Лејкерс и го забележа петтиот последователен пораз. Една одлична четвртина им беше доволна на Лејкерси, третата четвртина ја добија со 36:10 и го решија секој сомнеж околу победникот.

Леброн Џејмс беше во одлично издание и ги влечеше Лејкерси на патот до победата, постигнувајќи нов трипл-дабл. Во третиот период Меџик шутираше од игра 2/23, Лејкерси постигнаа дури 23 поени во низа и го решија прашањето за победникот.

Џејмс мечот го заврши со 30 поени, 11 скока и десет асистенции, а по 19 поени додадоа Расел Вестбрук (седум скока, пет асистенции) и Тален Хортон-Такер (шест скока). Кај поразените Кол Ентони постигна 21 поен, шест скока и пет асистенции, а Франц Вагнер додаде 20 поени и седум скока.

https://www.youtube.com/watch?v=XrfvZ6J1a_Q

Бруклин Нетс одигра одличен натпревар на гостувањето кај Детроит Пистонс и го победи со 116-104. Многу добар настап на Нетси предводени од Кевин Дурант кој го презеде целиот товар на себе и мечот го заврши со сезонски рекорд, 51 поен.

Пистонси влегоа во последниот натпревар со водство, но Нетси таму направија пресврт, тој дел од натпреварот го добија со 30:13 и спречија изненадување иако играа без одмор на Џејмс Харден.

Дурент додаде 51 поен и седум скока и девет асистенции, а Пети Милс ја следеше со 18 поени и пет асистенции. За Пистонс Кејд Канингем постигна 26 поени, осум скока и шест асистенции, а Френк Џексон додаде 25 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=gfVbabEVwTA

НБА:
Портланд Трејл Блејзерс – Минесота Тимбервулфс 111:116
Њујорк Никс – Милвоки Бакс 97: 112
Сан Антонио Спарс – Њу Орлеанс Пеликанс 112:97
Лос Анџелес Лејкерс – Орландо Меџик 106:94
Детроит Пистонс – Бруклин Нетс 104:116
Оклахома Сити Тандер – Далас Маверикс 84:103