НБА лигата утринава понуди интересни натпревари, а најнеизвесно беше на дербито меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Мајами кое заврши во корист на домаќините по продолжение.
Лејкерс повторно беа без ЛеБрон Џејмс во составот, но победија со 120:117 по дополнителните пет минути, а најдобар поединец кај домаќините бил Расел Вестбрук кој стигнал до трипл-дабл учинок со 25 поени, 12 скокови и 14 асистенции.
Мајами бил предводен од Адебајо со 28 и Хиро со 27 поени, а покрај поразот, поголем проблем е повредата на Батлер кој рано го заврши натпреварот.
Бруклин обезбеди убедлива победа кај Орландо (90:123), а уникатна поентерска вечер имаше Кевин Дурент.
Дурент постигна 30 поени, но тоа го направи со само 12 шутеви од поле, од кои 11 биле прецизни, па стана прв играч на Њу Џерси/Бруклин последните 40 сезони со реализација од 90% на еден натпревар.
Кливленд – Вашингтон 94:97
Орландо – Бруклин 90:123
Бостон – Торонто 104:88
Хјустон – Детроит 104:112
Њујорк – Милвоки 100:112
Чикаго – Далас 117:107
Мемфис – Шарлот 108:118
Њу Орлеанс – Оклахома 100:108
Сан Антонио – Сакраменто 136:117
Денвер – Индијана 101:98
Финикс – Портланд 119:109
Голден Стејт – Минесота 123:110
ЛА Лејкерс – Мајами 120:117