Во таборот на Голден Стејт, шампионот во НБА-лигата во средата зовреа страстите поради тепачката на Дрејмонд Грин и Џордан Пул.
Денеска медиумот кој се занимава со жолт печат и скандали, „ТМЗ“ објави и видео од тренингот на Вориорс и моментот кога Грин всушност го напаѓа својот соиграч. Еден од најдобрите дефанзивци во лигата, прво се втурна во лицете на Пул, кој го оттурна, а Грин врати со брутална тупаница. Пул веднаш се најде на подот, а интервенираа соиграчите.
https://twitter.com/Phil_Lewis_/status/1578379846627069953?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1578379846627069953%7Ctwgr%5Ef700d2a92ac0b3714c400b91054d9982dcaee7d3%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkosharka%2Fnba%2Fdrejmond-grin-brutalno-go-nokautiral-svojot-soigrach-dzhordan-pul-video
Челниците на Голден Стејт го разгледуваат случајот и Грин веројатно ќе биде казнет парично за ваквото насилничко однесување.