Кошаркарите на МЗТ Скопје го совладаа тимот на Спарс од Сараево во шестото коло од АБА 2 лигата со 88:77, па така нашиот тим сега има скор 5-1, а тимот од Босна и Херцеговина 3- 3.
Најефикасни во составот на МЗТ, кој во текот на првото полувреме стекна предност од 12 поени, која љубоморно ја чуваше до крајот на натпреварот, беа Дастин Веар со 26, Роберт Рикиќ со 17 и Адем Мекиќ со 12 поени. Кај Спарс расположени за игра во напад беа Урбан Дурник со 17, Реми Абл со 14 и Машан Врбица со 12 поени.
Во следното коло МЗТ од Скопје гостува кај Ловќен, а Спарси силите ќе ги одмери со Војводина. За потсетување, во првото коло, на турнирот во Сараево, домаќинот ја победи Сутјеска, додека МЗТ беше подобар од Хелиос.