Партизан ја порази Цибона со нереална тројка на Душан Кецман на 0,6 секунди до крајот, за конечен резултат 75:74 и за четврта последователна титула во низа.
По 40 минути беше 60:60, во продолжението Бојан Богдановиќ погоди за 74:72, но тоа не беше крајот, иако загрепчани почнаа да слават.
Кецман постигна неверојатна тројка од својата половина и истата е избрана од американскиот ЕСПН во 10-те најневеројатни завршници на спортски настани.