Динамо Загреб дојде до исклучително важна победа во првата лига на Хрватска, победа која ја обезбеди нашиот репрезентативец Аријан Адеми.

Актуелниот првак славеше над Горица со 1-0 и со тоа ги искористи киксовите на најблиските конкуренти Осијек и Хајдук, првите загубија од Ријека со 3-1, вторите пак ремизираа со Славен Белупо. Клучниот момент се случи во самиот финиш (86 минута) кога капитенот Адеми се најде на вистинското место и ја затресе мрежата на домашниот тим.

https://twitter.com/AboutHnl/status/1518309395163226113?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1518309395163226113%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Fademi-pogodi-koga-beshe-najpotrebno-dinamo-napravi-golem-ischekor-kon-titulata-vo-hrvatska-video%2F

Ова за Аријан беше трет сезонски гол и со истиот Динамо сега има плус пет и плус шест во однос на Осијек и Хајдук на четири кола до крајот.

Интересно е што судијата најверојатно ќе ја прекинеше акцијата во која Адеми постигна гол но свирчето му падна на тревата.

Инаку на оваа средба сите 90 минути ги одигра и десниот бек Стефан Ристовски.