Реал Мадрид на свој терен забележа убедлива победа против Алмерија од 4:2, а мечот помина во знакот на Карим Бензема. Францускиот напаѓач постигна три гола и со тоа стана четврти најдобар стрелец во историјата на Ла Лига.
Тој има 235 гола во Ла Лига и го претекна Уго Санчез, а пред него се само тројца фудбалери: Зара, Кристијано Роналдо и Лео Меси.
Францускиот напаѓач постигна хет-трик во првото, откако првиот гол го постигна во петтата минута, по што следеше нов гол во 17. минута и на крајот погоди во 42. минута.
Лазаро во првата минута од судиското надополнување ги врати надежите на Алмерија и намали на 1-3, но на стартот на второто полувреме Родриго го реши дуелот кога погоди за 4-1.
Во продолжение од натпреварот Робертоне стрелаше за 2-4 и тоа беше конечен резултат, со што „кралевите“ освоија нови три бода.
Реал има 68 бодови на втората позиција по 32 одиграни кола, додека Барселона е прва со осум бодови повеќе.